Македонија до 16 оствари убедлива победа над Косово

Објавено на 26 Март, 2023 во Вести, До 17 год


Младата репрезентација на Македонија до 16 години во контролен дуел против Косово во рамките на Уефа развојниот турнир успеа да слави убедлива победа со 5:1за.

Избраниците на селекторот Дашмир Беари на стадионот Албена одиграa феноменален натпревар, во целост го надиграа својот противник и заслужено се радуваа на убедлива победа.

Един Етоски во 43. минута го отвори резултатот на денешната средба. Хисар Али на самиот старт на второто полувреме успеа да го затресе противничкиот гол и да ја зголеми нашата предност. Две минути беа доволни Македонија да постигне уште еден гол, трет во мрежата на Косово. Един Етоски се најде на вистинското место и го матираше противничкиот голман, постигнувајќи го својот втор гол на денешниот меч. Капитенот Стефан Младеновски го постигна четвртиот погодок за нас во 77. минута. Минута подоцна истиот играч погоди за  убедлива предност на Македонија од 5:0.

Косово до крајот на мечот успеа само да го ублажи триумфот на Македонија, за конечен резултат 5:1.

Македонија: Давид Илоски, Хисар Али, Кристијан Ѓоргиевски, Горјан Груевски, Артан Исмаили, Марко Киш, Стефан Младеновски, Албион Муслиу, Игор Ристов, Емир Саботиќ, Беркај Шаини;

Селектор: Дашмир Беари;




   
   
Актуелности

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

06.04.2024    Вести

Женската репрезентација до 19 години запиша нова победа

Селекцијата на Астрид Мерко славеше со 2:0 против Литванија....

Календар
А репрезентација