Објавено на 16 Декември, 2021 во Вести, Вести
Македонската А репрезентација ќе се соочи со Бугарија, Грузија и Гибралтар во изданието од Лига на нации за сезоната 2022/2023.
На денешното извлекување во Нион, Швајцарија беа одредени групите за 55. репрезентации кои ќе бидат дел од Лига на нации.
ЛИГА А:
Група 1: Австрија, Хрватска, Данска, Франција
Група 2: Чешка, Швајцарија, Португалија, Шпанија
Група 3: Унгарија, Англија, Германија, Италија
Група 4: Велс, Полска, Холандија, Белгија
ЛИГА Б:
Група 1: Ерменија, Ирска, Шкотска, Украина
Група 2: Албанија, Израел, Русија, Исланд
Група 3: Црна Гора, Романија, Финска, Босна и Херцеговина
Група 4: Словенија, Србија, Норвешка, Шведска
ЛИГА Ц:
Група 1: Литванија, Фарски О. Луксембург, Турција
Група 2: Косово, победник од дуелот Кипар/Естонија, Грција, Северна Ирска
Група 3: Азербејџан, победник од дуелот Казахстан/Молдавија, Белорусија, Словачка
Група 4: Македонија, Грузија, Гибралтар, Бугарија
ЛИГА Д:
Група 1: Андора, Летонија, поразен од дуелот Казахстан/Молдавија, Лихтенштајн
Група 2: Сан Марино, поразен од дуелот Кипар/Естонија, Малта
Натпреварите од Лига на нациите ќе се играат во јуни следната година (четири натпревари) и во септември (два натпревари). Првопласираните селекции од секоја од групите ќе обезбедат место во плеј-офот кој ќе се игра во јуни 2023 година. Најдобрата селекција ќе обезбеди место на Европското првенство 2024.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....