Објавено на 20 Март, 2024 во Вести, До 19 год
Младата репрезентација на Македонија до 19 години загуби со 2:0 од соодветната селекција на Украина во натпревар од првото коло од мини квалификацискиот турнир кој се одржува во Скопје. Противникот ја оправда фаворитската улога и славеше заслужена победа.
Украина беше подобар противник во текот на сите 90 минути. Во првиот дел неколку пати сериозно се заканија по нашиот гол. Иницијативата на гостите се исплатеше. Во 45. минута Кревсун погоди за предност на Украина од 1:0.
На стартот на второто полувреме Пономаренко го зголеми водството на селекцијата на Украина. Во 75. минута останавме со играч помалку и ги загубивме сите шанси за остварување на позитивен резултат. Меличи во 75. минута од средбата заработи исклучување.
На натпреварот во Ѓорче Петров, селекцијата на Швајцарија ја оправда фаворитската улога и успеа да издвојува минимална победа над Летонија со 1:0
Во второто коло, избраниците на селекторот Тони Јакимовски силите ќе ги одмерат со Швајцарија. Во вториот натпревар Украина игра против Летонија.
Мини квалификациски турнир, тренинг центар „Петар Милошевски";
Репрезентации до 19 години;
1. коло
Македонија - Украина 0:2 (0:1)
МАКЕДОНИЈА: Петар Јакимов, Лорик Каба Јакупи, Андреј Аризанковски, Адриан Зенделовски, Зани Назифи, Валон Алији, Ѓорѓе Џеков, Марко Стојилевски, Мартин Ѓоргиевски, Анес Меличи;
Резерви: Даниел Марковски, Теодор Николовски, Хакија Цаноски, Андреј Велков, Димитар Данев, Љупче Џеков, Лорик Мухтари, Амир Нухија, Давор Серафимов, Давид Стојановиќ;
Селектор: Тони Јакимовски;
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....