Контролна футсал пресметка против Грузија во Скопје

Објавено на 29 Јануари, 2015 во Футсал

Футсал репрезентацијата на Македонија на 9. и 10. февруари ќе одигра два пријателски натпревари против репрезентацијата на Грузија.

Натпреварите ќе се одиграат во спортската сала „Јане Сандански“ (мала сала) со почеток од 20.15 часот. Репрезентацијата на Грузија доаѓа како првопласирана во групната фаза од предквалификациите кои се одиграа минатата недела. Селекцијата на Грузија беше во иста група со Швајцарија, нашиот противник во квалификациите, а во меѓусебниот дуел одигра нерешено, 1:1 .

Селекторот на македонската репрезентација, Васко Скендеровски  повика 14 играчи за овој пријателски двомеч:

Голмани: Мирослав Тодоровски (КМФ Скопје), Илчо Удовалиев (КМФ Железарец), Антонио Петровски (КМФ Железарец); Одбрана: Зоран Левески (КМФ Железарец), Ферид Агуши (КМФ Железарец), Иван Крстевски (КМФ Железарец), Џо Арсовски (КМФ Железарец);  Напад: Александар Глигоров (КМФ Железарец), Игор Леовски (КМФ Железарец), Оливер Јовановски (КМФ Железарец), Дарко Ранготов (СКВЕР Дубровник – Хрватска), Мартин Тодоровски (КМФ Железарец), Адријан Мицевски (КМФ Железарец), Трајче Трајков (КМФ Железарец);

Македонската футсал репрезентација се подготвува за квалификацискиот турнир кој го организираме во Скопје за пласман на Европското првенство. Шпанија, Унгарија и Швајцарија се противници на нашата најдобра селекција. 




   
   
Актуелности

30.12.2024    Вести

Новогодишно интервју со Масар Омерагиќ - Претседател на ФФМ

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...

27.12.2024    Вести

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....

Календар
А репрезентација