Објавено на 02 Октомври, 2024 во Вести
Пред пополнување на пријавата, молиме добро да се погледнат критериумите за учество на УЕФА Фитнес А курс објавени во детали во документот подолу (прикачен), како сите заинтересирани кандидати би знаеле дали ги исполнуваат основните услови за учество.
Ве информираме дека едукативниот центар при ФФМ отвора конкурс за заинтересирани кандидати за упис на УЕФА Фитнес А курс.
За таа цел, секој заинтересиран кандидат е неопходно да го пополни соодветниот онлајн прашалник кој е отворен најдоцна до 13.10.2024 (24:00ч). По овој датум, прашалниците автоматски стануваат неактивни и конкурсот завршен, а понатамошната комуникација во врска со курсот ќе продолжи единствено по е-маил и единствено со кандидатите кои уредно го пополниле прашалникот. ФФМ го задржува правото да конкурсот биде затворен и порано од наведениот краен рок.
Ненавремено и неуредно пополнувањето на прашалникот ќе значи неможност за учество на претстојниот УЕФА Фитнес курс.
Линк за пријава на УЕФА ФИТНЕС А курс (Модул 1 од 5 до 9.11.2024 / ФФМ-Скопје) во прикачениот документ.
За можни нејаснотии или дополнителни прашања пред апликација, можете да се обратите на следните е-маил адреси:
КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО НА УЕФА ФИТНЕС А КУРС ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЦЕ НА ФФМ_01.10.2024.pdf