Комисија за лиценцирање: ЗФК Новаци ги исполнува критериумите за пополнување на 2 МФЛ

Објавено на 01 Август, 2016 во Вести


Комисијата за лиценцирање на ФФМ го разгледа барањето доставено од Комисија за натпревари на ФФМ во врска со разгледување на доставената документација на клубовите кои беа поразени во бараж натпреварите за пополнување на Втора МФЛ.

По разгледување на доставената докуметација од трите клуба: ФК Вардар - с.Форино, ФК Гоблен Јуниор - Куманово и ЗФК Новаци - Новаци, Комисијата за лиценцирање утврди дека ЗФК Новаци - Новаци доставил документација по сите пет критериуми, додека ФК Гоблен Јуниор - Куманово и ФК Вардар - с.Форино не доставиле целосна документација по сите пет критериуми. Комисијата констатира дека ЗФК Новаци од Новаци ги исполнува потребните услови за учество во пополнување на Втора МФЛ.




   
   
А репрезентација