Катерина Милеска го објави списокот на фудбалерки за квалификацискиот турнир во Албанија

Објавено на 17 Октомври, 2022 во Вести, До 17 год жени


Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години на почетокот на неделата ги започнува квалификациите во рамките на лигата Б за пласман на Европско првенство 2023 година што ќе се одржи во Естонија.

Македонија во периодот од 18 до 24. октомври во Драч, ќе биде учесник на квалификацискиот турнир од групата 2, заедно со селекциите на Молдавија, Косово и домаќинот Албанија.

Во првото коло од квалификациите отвараме против Албанија на 18. октомври. Три дена подоцна играме против Косово. Последниот натпревар со Молдавија е закажан за 24. октомври.

Сеекторот на женската селекција на Македонија до 17 години, Катерина Милеска се одлучи да ги повика следните фудбалерки:

Голмани: Мери Васева (Плачковица), Миа Петровска (Џи Џи);

Одбрана: Рона Рустеми (Шкендија), Слаѓана Ѓорѓиева (Тиверија), Катерина Петкова (Истатов), Ива Јовановска (Љуботен), Евгениа Дамева (Трелеборгс, Шведска), Кристина Крстева (Скопје), Елена Љондевска (Деспина);

Среден: Васка Василева (Тиверија), Никица Трендова (Тиверија), Емилија Петковска (Атлетико), Михаела Додевска (Скопје), Миа Велинова (Борец), Диелза Ибраими (Ас Јунајтед);

Напад: Мелиса Димитриоска (Атлетико), Ана Боризоска (Деспина), Анастасиа Илиевска (Деспина), Јована Павловска (Деспина), Емили Митковска (Речица);




   
   
А репрезентација