Јани Атанасов: Мора да бидеме агресивни

Објавено на 20 Септември, 2022 во Вести, Вести


Македонската репрезентација ги продолжува подготовките за натпреварите против Грузија (Тбилиси, 23. септември) и Бугарија (Скопје, 26. септември) од групата 3 во Лига на нации.

Репрезентативецот Јани Атанасов вели дека фудбалерите кои ќе добијат шанса за настап, треба да се потрудат да ги исполнат замислите на селекторот. Фудбалерот на хрватски Хајдук смета дека треба да бидеме доволно агресивни со желба за три бода. 

Се надеваме дека во Грузија ќе покажеме агресивност и желба за три бода. Ние сме млада репрезентација, желни сме за успех и се надевам дека тоа ќе го покажеме на теренот“.




   
   
А репрезентација