Објавено на 28 Мај, 2025 во Вести
На извлекување во “Куќа на фудбалот”, беа одредени екипите кои ќе ја пополнат Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) за натпреварувачката сезона 2025/26.
Од трите поразени екипи во бараж натпреварите, местото во ВМФЛ го обезбедија Осогово и Големо Коњари. Тимот на Преспа ќе се натпреварува во Третата лига во наредната сезона.