Информација за едукативни тренерски курсеви на различни нивоа (лиценци) во организација на ФФМ

Објавено на 29 Септември, 2022 во Лиценцирање, Вести


Ве информираме дека едукативниот центар при ФФМ е во фаза на изработка на детален годишен план за курсеви за тренери на различни нивоа на едукација за сезона 2022-2023. За таа цел, секој заинтересиран кандидат е неопходно да го пополни овој прашалник кој е отворен до 16.10.2022. По овој датум, прашалникот автоматски станува неактивен, а понатамошната комуникација во врска со курсевите ќе продолжи единствено по е-маил и единствено со кандидатите кои го изразиле својот интерес преку пополнувањето на прашалникот.

Непополнувањето на прашалникот ќе значи неможност за учество на курсевите кои би се организирале/започнале до крајот на 2022, а следна можност за пријавување заинтересираните кандидати би имале најрано во Јануари 2023, а за курсеви кои би се организирале не порано од Април 2023.

Кон пополнување на прашалникот може да се пристапи на линкот подолу.

https://forms.office.com/r/zRa1reSyEW

Пред негово пополнување, молиме добро да се погледнат критериумите за учество на секој курс поединечно објавени во детали во документот во прилог, како сите заинтересирани кандидати би знаеле дали ги исполнуваат условите за учество на курсот за кој се интересираат и кои им се можностите.

Воедно, ги информираме сите кандидати дека согласно актуелната тренерска конвенција, почетно ниво на тренерска едукација е  УЕФА Ц диплома, воспоставена и од ФФМ почнувајќи од Мај 2022.

Кандидатите пак кои се интересираат за највисокото ниво на едукација – УЕФА ПРО диплома, ги информираме дека конкурс за упис на следна генерација ФФМ не е во можност да објави пред пролет 2024.

ОСНОВНИ КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕДУКАТИВНИ КУРСЕВИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЦЕ НА ФФМ 1.pdf 






   
   
А репрезентација