Објавено на 07 Март, 2025 во Вести, Футсал
Футсал репрезентацијата на Македонија загуби со 3:0 од селекцијата на Холандија на домашен терен во натпревар од 5. коло од групата 7 од квалификациите за пласман на Е.П.
Во спортска сала „Јане Сандански", во Скопје, Македонија одигра добро прво и лошо второ полувреме. Сите погодоци противникот ги постигна во второто полувреме.
Избраниците на селекторот Васко Скендеровски одиграа добро во првиот дел, создадоа неколку солидни прилики за постигнување на погодок, но без реализација.
Македонија - Холандија 0:3 (0:0)
МАКЕДОНИЈА: Антонио Петровски, Садат Зибери, Марио Благојевски, Драган Петровиќ, Јакуп Рамадан;
Иван Стојановски, Зоран Левески, Таулант Исмаили, Иван Крстевски, Лазар Пеев, Бојан Јанев, Берат Рамадани, Мартин Тодоровски, Еркан Сефери;
Селектор: Васил Скендеровски;
Фудбалската федерација на Македонија ги одложува сите денешни натпревари во сите конкуренции...