Објавено на 13 Март, 2025 во Вести, Футсал
Футсал А репрезентацијата на Македонија беше минимално поразено со 2:1 од селекцијата на Андора, на гостински терен во натпревар од последното коло од групата 7 во рамките на квалификациите за пласман на Е.П.
Андора преку Регало го отвори резултатот на денешната средба. Избраниците на селекторот Васко Скендеровски брзо се вратија во игра и минута подоцна преку Тодоровски успеаа да го израмнат резултатот.
Голот за победа на Андора го постигна Блат во 37. минута од средбата.
Во групата 7 од квалификациите, Португалија го освои убедливо првото место со 18 освоени бодови.
Македонија заврши на последното место во својата група само со еден освоен бод.
Фудбалската федерација на Македонија ги одложува сите денешни натпревари во сите конкуренции...