Објавено на 30 Ноември, 2022 во Галерија, Вести
Фудбалската федерација на Македонија во соработка со општинските фудбалски сојузи во периодот од 21 до 25 декември организираше фудбалски фестивал за девојчиња до 14 години под мотото „Ајде на фудбал" во Кочани, Тетово, Струга и Битола.
На фудбалските фестивали учество земаа над 300 девојчиња од младинските школи на женските фудбалски клубови и основните училишта од градовите домаќини.Фудбалската федерација на Македонија за сите учесници на фудбалскиот фестивал обезбеди комплет фудбалска опрема.
Фудбалските фестивали ќе продолжат да се организираат и во иднина низ сите градови, со цел популаризација и развој на женскиот фудбал во нашата земја. Фудбалската федерација на Македонија е максимално посветена на зајакнување на сите жени и девојки кои живеат во Македонија да се занимаваат со фудбал, да ги следат своите соништа и да го исполнат својот потенцијал.