ФК Карпошово подржан од страна на ФФМ, дел од настанот Шампиони, организиран од Фудбалскиот сојуз на Србија

Објавено на 15 Мај, 2025 во Вести, Еднаквост


Во Спортскиот центар Стара Пазова на Фудбалскиот сојуз на Србија, од 9. до 11. мај се одржа финалниот настан од програмата „Шампиони“.

На овој настан како представник од Македонија беше ФК Карпошово, подржан од ФФМ, како дел од проектот „ФУДБАЛ ЗА СИТЕ”.

Фудбалските активности за деца и млади со Даунов синдром и лесна попреченост, направи голем број на насмеани лица на кои фудбалот им помага да живеат поздрав и посреќен живот, да се соберат на исто место и да зборуваат на заеднички фудбалски јазик кој не познава пречки.

„Фудбалската Федерација на Македонија е среќна што подржува го проектот „Фудбал за сите“, кој прави да бидеме подобри луѓе, а не само добри спортски работници и спортисти. Наша цел како куќа на фудбалот е да и возвратиме на пошироката заедница и да го подобриме квалитетот на живот, да усреќиме повеќе луѓе со нивните семејства, подржувајќи ги  ранливите категории кои сакаат да се занимаваат со фудбал“.

На завршниот фестивал оваа година учествуваа екипи од Белград составени од КМФ „Мунгоси“ со специјалното училиште и домот „Радивој Поповиќ“ од Земун, Здружението Покрет Белград, домот за деца и млади со оштетен слух Белград. Претставник од Суботица беше Школскиот центар со домот на ученици „Доситеј Обрадовиќ“. Представник од Нови Сад беше Работниот центар на ШОСО „Милан Петровиќ“ со дом на ученици. Крагуевац го претставуваше клубот за мал фудбал „21. октомври“ со својата секција за лица со попреченост. Од Ниш се приклучи Специјалното училиште и домот на ученици „Бубањ“. Градот Зрењанин беше претставен од екипата „Хенди спорт“. Од Сараево беше Здружението „Оаза“. Од Македонија представник беше ФК Карпошово поддржан од Фудбалска федрација на Македонија. 





   
   
Актуелности

14.05.2025    Вести

Љуботен го освои трофејот во Купот на Македонија за жени

Фудбалерките на Љуботен третпат во низа го освоија трофејот во Купот на Македонија. Во денешното финале, Љуботен славеше...

Календар
А репрезентација