ФИНАЛНИ ПОДГОТОВКИ ПРЕД КАМЕРУН - МАКЕДОНИЈА ВО ФОРМАЦИЈА 4-3-3

Објавено на 25 Мај, 2014 во Вести

Најдобрата македонска репрезентација во австриски Фиген ги продолжи подготовките пред утрешниот контролен натпревар против Камерун. Селекторот на нашата репрезентација, Бошко Ѓуровски и напаѓачот Иван Тричковски го истакнаа задоволството од досегашна

Селекцијата на Македонија тренира во комплетен состав пред двата пријателски натпревари против Камерун и Катар. Со тимот веќе втор ден тренираат Горан Попов, Даниел Георгиевски, Крсте Велковски и Јован Костовски. Селекторот Ѓуровски уште еднаш напокмена дека подготвителниот период е насочек кон усовршување на тактичката поставеност и обид да се добие автоматизам во играта.

-Камерун е фаворит на утрешниот натпревар, нивниот рејтинг го говори тоа, но нема да се предадеме без борба. Напротив, подготвени сме да се надигруваме за позитивен резултат. Задоволен сум од начинот на кои играчите ги реализираат моите тактички замисли. Тактиката и нејзиното усовршување е во фокусот на овие подготовки. Целта е да наметнеме офанзивна игра, сакам да играме со топка во нозете, да бидеме фокусирани и брзо да ја антиципираме секоја ситуација. Ќе видиме колку ќе успееме во тоа против Камерун. Можеби е сеуште рано да зборуваме за свој стил на игра, заедно сме релативно кратко време, во тимот има неколку нови играчи, но јасно ставаме до знаење дека тоа е нашата цел, да изградиме свој, препознатлив стил на игра во која ќе уживаме. Одиме од натпревар за натпревар, а на теренот ќе покажеме дали и колку сме успеале да бидеме на рамниште, подобри или не од противниците, изјави селекторот Бошко Ѓуровски.

Иван Тричковски смета дека овој подготвителен период е исклучително важен за нашиот состав во кои има млади играчи. Тренинзите и двата натпревари против Камерун и Катар се важни за македонската репрезентација пред важните натпревари од квалификациите за Европското првенство.

-Камерунската репрезентација се подготвува за Светското првенство и веројатно нивната цел во подготвителниот период ќе биде со позитивни резултати на ваков тип натпревари да ја подигнат самодовербата пред настапот на мундијалот. За нас, периодот е подготвителен пред септемвриските квалификации, работиме со нов селектор, во тимот има неколку нови играчи, се адаптираме на новите услови и методи на работа со цел подготвено да ги дочекаме важните натпревари. Против Камерун и Катар ќе бидеме максимално сконцентрирани да оствариме позитивен резултат и се надевам дека ова е почеток на една нова генерација која и во однос на атмосферата и во однос на резултатите ќе биде на повисоко ниво. Условите тука се одлични, тренинзите исто така, ни преостанува да се прикажеме во вистинско светло и да се бориме за позитивен резултат, изјави Иван Тричковски.

Македонија ќе игра во формација 4-3-3, составот кој ќе започне е следниот :

-Пачовски, Тодоровски, Попов, Ристовски, Грнчаров, Спировски, Бабунски, Трајковски, Ибраими, Тричковски и Абдурахими.




   
   
А репрезентација