Објавено на 11 Октомври, 2015 во Вести, Квалификации ЕУРО 2016, Вести
Најдобриот македонскиот репрезентативен тим утре на гостински терен против Белорусија го игра последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство „Франција 2016“. Иако натпреварот за двата национални тимови нема значење за пласман на континенталниот шампионат, шансите за пласман се загубени, од редовите на националниот тим на Македонија се концентрирани и во потрага по позитивен резултат. Репрезентативците го имаа единствениот тренинг во центарот на Фудбалската федерација на Белорусија во Минск, а во понеделник патуваме за Борисов каде од 20:45 часот се игра последниот натпревар од квалификациите.
"Белорусија е добра репрезентација, а тоа го докажаа со победата на гостински терен кпротив Словачка, тоа значи дака не очекува тежок натпревар. Но, ние сме тука по потрага за добар резултат и ќе дадеме се од себе за да успееме. Ќе имаме неколку промени во тимот, на голот се очекува да биде Давид Митов Нилсон како замена за Пачовски, а Трајковски и Тричковски се опции плус во офанзивата. Ќе видиме кој тим ќе го составиме, но кои и да бидат во стартните единаесет, се надеваме дека ќе направат шанси за гол, ако успееме да постигнеме гол или два мислам дека имаме шанси за добар резултат”, изјави селекторот на Македонија, Лубинко Друловиќ.
Дефанзивецот Ванче Шиков го дели истото мислење со селекторот и ветува максимално залагање на теренот.
“Ние играчите сме свесни за тоа што не очекува на утрешниот натпревар. Со победата на гости кај Словачка тие направија одличен резултат и сега ќе имаат подршка од нивните фанови за добар резултат. Но, ние не се предаваме пред време, одиме да даваме максимум и да се обидеме да извлечеме што поповолен резултат”, изјави Шиков.
Натпреварот Белорусија-Македонија се игра во понеделник во Борисов, со почеток од 20:45 минути по македонско време.