Објавено на 11 Декември, 2018 во Вести, До 21 год
Македонската репрезентација до 21 години денеска во Нион ги дозна противниците во квалификациската групата за пласман на ЕП во Унгарија и Словенија 2021 година. Нашата селекција е во групата 6 со репрезентациите на Шпанија, Израел, Црна Гора, Казакхстан и Фарски Острови.
Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на 10. септрември 2019. против Фарски Острови на домашен терен. На 10. октомври 2019. гостуваме во Црна Гора, а пет дена подоцна, на 15. октомври го пречекуваме репрезентативниот тим на Казакхстан. Последните два натпревари во 2019. година ќе ги одиграме на 14. и 19. ноември на гостински терен против Шпанија и Фарски Острови.
Распоредот на натпреварите на Македонија до 21 година од квалификациите за ЕП во 2020 година е следниот: 26. март: Македонија - Израел, 31. март: Израел - Македонија, 08. септември: Македонија - Шпанија, 08. октомври: Казакхстан - Македонија, 13. октомври: Македонија - Црна Гора;
-Задоволен сум од групата во која се најдовме за пласман на Европското првенство, но истовремено и многу внимателен. Противниците, со исклучок на Шпанија, не се атрактивни, но секако имаат квалитет и ќе ја бараат својата шанса за добар пласман. Шпанија е апсолутен фаворит, со сите други ќе се надигруваме. Треба да бидеме во најдобро наше издание доколку сакаме борба за добар пласман, а тоа секако ќе биде наша цел, изјави селекторот на Македонија до 21 година, Добринко Илиевски.Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....