Објавено на 18 Октомври, 2018 во Вести, До 21 год
Македонската репрезентација до 21 година го заврши циклусот квалификации за пласман на Европското првенство со убедлив триумф од 6:1 против Гибралтар. Селекторот на нашата млада репрезентација, Добринко Илиевски ја предводеше Македонија до 21 година на четирите последни меча од овој циклус, остварувајќи четири бодови од исто толку натпревари. Илиевски е задоволен од начинот на кои неговата селекција, во која се наоѓаат фудбалери помлади дури три години од генерациите со кои играа репрезентациите кои ни беа противници во групата. Нашиот предводник вели дека целта на овие дуели беше да се создаде база за настап во следниот квалификациски циклус.
-Целта за последните натпревари од квалификациите за ЕП 2019 години беше да создадеме база за следниот циклус, со оглед на тоа што шансите за висок пласман одамна беа загубени. Фудбалерите кои го носеа товарот на натпреварите кои јас ги водев како селектор се три години помлади, а некој од нив и четири години помлади од генерацијата со која играа репрезентациите кои ни беа противници во групата. Со драстично подмладен состав ние освоивме четири бодови од исто толку натпревари, за разлика од првите шест мечеви каде остваривме само една победа и бевме на последното место. Веројатно впечетокот ќе беше уште подобар доколку не ни се случеа несреќните минути од судиското продолжение против Ерменија кога ја испуштивме победата и пласманот на пред нив на табелата.
Задоволен сум од убедливиот
триумф против Гибралтар. Со оглед на тоа што дојдоа во период кога нивната А репрезентација
забележа историска победа во Лига на нации, а исто така мотивирани од победата
против нас од првиот дуел, бевме многу внимателни во пристапот. Радува тоа што
одигравме одговорно и трпеливо, а резултатот и играта ни даваат за право да
мислиме дека сме на вистинскиот пат, изјави Добринко Илиевски.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....