Брера го освои Купот на Македонија во младинска конкуренција

Објавено на 23 Мај, 2025 во Вести


Младинците на Брера се победници на Купот на Македонија. На тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје во финалниот натревар слева убедлива победа од 4:0 против врсниците на Брегалница.

Во самиот финиш на првото полувреме, во 45. минута Бобан Кузмановски погоди за 1:0. Истиот фудбалер во 48. минута ја зголeми предоста на струмичани. Во 56. минута гол постигна Давид Ристовски за 3:0, додека во 83. минута со автоголот на Дарко Митев беше постигант конечниот резултат.

Пехарот и медалите ги додели техничкиот директор на младите селекции на Македонија и нашиот поранешен репрезентативец, Ѓорги Христов.

ФК „Брегалница 2008 - ФК АП Брера Струмица 0:4 (0:1)

ФК „Брегалница 2008: Мартин Миленковски, Филип Чичев, Ненад Миланов, Алекс Дмитров, Драган Трајчов, Павел Штерјов, Лука Николов, Лука Бојаџиев, Дарко Митев, Бранимир Иванов. Резерви: Андреј Арсовски, Матеј Тимовски, Назиф Мемишев, Стефан Антониев, Максим Смилков, Стефан Николов,  Филип Станчев, Наце Васев, Даниел Величков и Матеј Трајчев 

Шеф на стручен штаб:  Никола Кузманов;

ФК АП Брера Струмица:  Спасе Вргов, Андреј Велков, Марио Митрев, Каменчо Андоновски, Мартин Шаренковски, Бобан Кузмановски, Игор Ристов, Давид Ристовски, Здравко Перески, Флориан Рочи, Никола Ангелов, Резерви: Александар Трајков, Алебн Рочи, Јован Дрввошанов, Јован Постолов, Габриле Талески, Давид Медарски, Мартин Ѓорѓиев, Матеј Сејменов, Лука Варошановски, Иван Танчев и Бојан Велков

Шеф на стручен штаб: Ѓорѓе Стојчев.








   
   
А репрезентација