Благоја Милевски: Немаме желба околу противниците за утрешниот ждреб

Објавено на 04 Февруари, 2015 во Вести, До 21 год


Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски и техничкиот секретар на нашата млада селекција, Саша Ќириќ утре во седиштето на УЕФА во Нион ќе присуствуваат на извлекувањето на групите за квалификациите за Европското првенство 2017 година. Македонската репрезентација е во петтиот барабан со селекциите на Белорусија, Бугарија, Кипар, Литванија, Азербејџан, Казахстан, Албанија и Летонија.

-Нашата репрезентација е во претпоследниот барабан за извлекувањето, тоа значи дека нема да имаме лесни противници во квалификациите за Европскиот шампионат. Немаме желба околу противниците за утрешниот ждреб. Рековме дека наша определба ќе биде да се надигруваме со сите. Тимската игра треба да биде на прво место, на секој натпревар да го дадеме својот максимум, да играме без преголем респект кон противницити и со верба во своите квалитети и можности, изјави селекторот на репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски.

Прв барабан: Шпанија, Англија, Италија, Германија,Франција,Чешка, Португалија,Х оландија, Данска

Втор барабан:Русија, Швајцарија, Шведска, Србија, Израел, Украина, Словачка, Романија, Белгија

Трет барабан: Турција, Словенија, Австрија, Грција, Шкотска, Полска, Хрватска, Норвешка, Ерменија

Четврти барабан: Црна Гора, Финска, Велс, Унгарија, Исланд, БиХ, Грузија, Молдавија, Р.Ирска

Шести барабан: Естонија, Фарски острови, Северна Ирска, Луксембург, Малта, Сан Марино, Андора, Лихтенштајн




   
   
А репрезентација