Објавено на 06 Февруари, 2015 во Вести, До 21 год
За настап на континенталниот шампионат во Полска, Македонија ќе се бори против Франција, Украина, Шкотска, Исланд и Северна Ирска.
-Општ впечаток е дека репрезентациите во нашата група по квалитет се изедначени, со исклучок на Франција, која е фаворит за првото место. Мислам дека добивме интересни противници, Франција е фаворит, но играме два натпревари против нив и нема лесно да се предадеме. Имаме добра генерација, наша задача е да го осигураме настапот на играчите кои сметаме дека се најдоби и можат да се надигруваат со сите. Ќе беше добро да добиевме полесен противник од последниот барабан, но на тоа не може да се влијае. Во сите натпревари ќе се бориме, го знаеме нашиот квалитет, се надевам дека сите ќе бидат здрави и подготвени за надигрување, вели селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски.
Квалификациите за пласман на ЕП во Полска, нашата млада репрезентација ги отвора на 11. јуни на гостување во Исланд. Првиот домашен натпревар го играме против Украина на 5. септември 2015. година.