Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за Украина и Англија

Објавено на 01 Јуни, 2023 во Вести, Вести


Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за двата квалификациски натпревари за ЕП 2024 против Украина (16. јуни, 20:45 часот, Национална арена „Тодор Проески“) и Англија (19. јуни, 20:45 часот, Олд Трафорд, Манчестер).  

Во најдобриот состав на македонската репрезентација дебитант е фудбалерот на дански Сондерјиске, Сефер Емини. На списокот на селекторот Милевски се наоѓаат следните 29 фудбалери: 

ГОЛМАНИ: 

Столе ДИМИТРИЕВСКИ - Рајо Ваљекано, Шпанија

Дамјан ШИШКОВСКИ - Докса, Кипар

Дени ИЛИЕВ - ХЈК Хелсинки, Финска

Игор АЛЕКСОВСКИ - Работнички

ОДБРАНА: 

Висар МУСЛИУ - Инглоштад, Германија

Ѓоко ЗАЈКОВ - Универзитатеа Крајова, Романија

Дарко ВЕЛКОВСКИ - Ал Етифак, Саудиска Арабија

Стефан РИСТОВСКИ - Динамо Загреб, Хрватска

Езѓан АЛИОСКИ - Фенербахче, Турција

Егзон БЕЈТУЛАИ - Шкендија

Никола СЕРАФИМОВ - Фехервар, Унгарија

Владица БРДАРЕВСКИ - Шкупи

Бојан ДИМОСКИ - Академија Пандев

Јован МАНЕВ - Адана Демирспор, Турција

СРЕДЕН РЕД: 

Енис БАРДИ - Трабзонспор, Турција

Елиф ЕЛМАС - Наполи, Италија

Аријан АДЕМИ - Пекинг Гуан, Кина

Јани АТАНАСОВ - Краковија, Полска

Агон ЕЛЕЗИ - Вараждин, Хрватска

Давид БАБУНСКИ - Мезоковешд, Унгарија

Давор ЗДРАВКОВСКИ - АЕЛ Лимасол, Кипар

Сефер ЕМИНИ - Сондерјиске, Данска

НАПАД:

Александар ТРАЈКОВСКИ - Ал-Фејха, Саудиска Арабија

Милан РИСТОВСКИ - Спартак Трнава, Словачка

Дориан БАБУНСКИ - Дебрецин, Унгарија

Ваљон ЕТЕМИ - Истанбулспор, Турција

Илија НЕСТОРОВСКИ - Удинезе, Италија

Љупче ДОРИЕВ - Шкендија

Стефан АШКОВСКИ - Ламиа, Грција 

Официјалниот собир на нашата најдобра селекција за претстојните пресметки против Украина и Англија од квалификациската група за ЕП 2024  е закажан за 10. јуни во х. Хилтон во Скопје. 





   
   
Актуелности

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

06.04.2024    Вести

Женската репрезентација до 19 години запиша нова победа

Селекцијата на Астрид Мерко славеше со 2:0 против Литванија....

Календар
А репрезентација