Објавено на 02 Октомври, 2020 во Вести, До 21 год
Македонската репрезентација до 21 година на 8. Октомври против Казахстан и на 13. Октомври против Израел (тренинг центар „Петар Милошевски“) го продолжува квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство. Селекторот на нашата млада репрезентација, Благоја Милевски за двете важни пресметки ќе смета на следните фудбалери:
ГОЛМАНИ: Ристе ЈАНКОВ (Работнички), Давид ДЕНКОВСКИ (Брегалница), Марко АЛЧЕВСКИ (Академија Пандев);
ОДБРАНА: Агрон РУФАТИ (Зорја, Украина)), Есмин ЛИЧИНА (Македонија Ѓ.П.), Филип АНТОВСКИ (Славија Софија, Бугарија), Тодор ТОДОРОВСКИ (Осијек, Хрватска), Никола СЕРАФИМОВ (Академија Пандев), Блертон ШЕЈИ (Струга Трим Љум), Оливер Стојменовски (Борец), Сефер Емини (Македонија Ѓ.П.);
СРЕДЕН РЕД: Давор ЗДРАВКОВСКИ (АЕЛ, Кипар), Кристијан АЦКОВСКИ (Брегалница), Енис ФАЗЛАГИЌ (Жилина, Словачка), Јани Атанасов (Хајдук, Сплит),Томче ГРОЗДАНОВСКИ (Злате Моравце, Словачка), Димитар МИТРОВСКИ (Спортинг Лисабон, Португалија);
Ердон ДАЦИ (Коњаспор, Турција);
НАПАД: Бојан Миовски (МТК, Унгарија), Дарко ЧУРЛИНОВ (Штутгарт, Германија), Ердон ДАЦИ (Коњаспор, Турција), Давид ТОШЕВСКИ (Ростов, Русија), Марко ЃОРГИЕВСКИ (Раднички Пирот, Србија), Љавдрим ФАЗЛИУ (Пелитер);
- Очекувам да ги повториме добрите игри од последните два натпревари против Шпанија и Фарски Острови. Казахстан е сериозна екипа, играат тимски и агресивно, а тоа го потврдија на нашиот прв меѓусебен дуел во Скопје. Во составот недостасува Трапановски, а дебитат е Миовски од унгарски МТК. Сметам дека имаме квалитет и потенцијал за добар резултат и наша цел е да останеме конкурентни за висок пласман во групата до крајот од квалификациите. Добрата игра против Шпанија не ни донесе бодови, а тоа значи дека не ни преостанува ништо друго освен да се бориме за победа на секој натпреавр до крајот од квалификацискиот циклус, изјави селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....