Александар Трајковски: Максимално во функција на тимот

Објавено на 29 Мај, 2025 во Вести, Вести


Македонската А репрезентација денеска го имаше првиот собир во пресрет на јунските квалификациски натпревари за СП 2026 против Белгија (6. јуни, Скопје) и Казахстан (9. јуни, Астана). 

Напаѓачот Александар Трајковски смета дека сите треба максимално да се стават во функција на тимот. 

Сега е крајот на сезоната, завршуваме во клубовите, но овој циклус е многу важен за нас и мора максимално да се фокусираме на овој циклус. Првиот меч ни е дома со Белгија, потоа одиме во Казахстан, мислам дека сите треба максимално да се стават во функција на тимот. Можеби е тешко затоа што е крај на сезона, но по овие два меча може да се одмориме. Се надевам на најдоброто. Почнавме добро, се надевам дека со Белгија ќе покажеме поголема концентрација до крајот на мечот, да извлечеме поука од тој меч со Велс“.  



   
   
А репрезентација