А репрезентација: Бобан Николов и Александар Трајковски се приклучија на подготовките

Објавено на 29 Мај, 2019 во Вести

Стефан Ристовски: „Наша цел е да се бориме за висок пласман во групата“.

Квалификации за ЕУРО 2020, Група Г

7. јуни 2019. година, 20:45

Национална арена „Тодор Проески“

Билети по цена од 150 денари: https://mktickets.mk/event/makedonija-polska/

Најдобрата македонската репрезентација на 7. и 10. јуни на Националната арена „Тодор Проески“ го продолжува квалификацискиот циклус за пласман на ЕУРО 2020. Фаворитите во нашата група, Полска и Австрија гостуваат на нашиот најголем стадион.

На првиот дел од подготовките на репрезентацијата денеска се приклучија фудбалерите на МОЛ Види и Палермо, Бобан Николов и Александар Трајковски.

Дефанзивецот во составот на Игор Ангеловски, Стефан Ристовски вели дека во овие квалификации македонската репрезентација има јасна цел, а тоа е да се бориме за висок пласман во групата.

-Ќе дадеме се од себе, иако знаеме дека ќе биде исклучително тешко против Полска која е најдобра репрезентација во нашата група. На нас е да се наметнеме, треба добро да се подготвиме, стручниот штаб работи на сите детали, го анализираме противникот и се надевам дека ќе бидеме максимално подготвени. Добра, компактна одбрана ќе значи и подобар напад, противникот сигурно ќе биде подготвен на сѐ, но ние во овие квалификации имаме цел, а тоа е да се бориме за висок пласман и да се обидеме да освојуваме бодови против секој противник, изјави Стефан Ристовски. 





   
   
А репрезентација