А футсал: Скендеровски го објави списокот за натпреварите против Црна Гора

Објавено на 25 Ноември, 2014 во Вести, Футсал

Македонската А футсал репрезентација против Црна Гора во Скопје ќе одигра два контролни натпревари на 2. и 3. декември 2014. година.

Натпреварите ќе се играат во малата сала од арената „Јане Сандански“. Селекторот на нашата репрезентација, Васко Скендеровски за новите контролни пресметки ги повика следните играчи:

Голмани: Илчо Удовалиев (Железарец), Мирослав Тодоровски (Скопје 2011), Антонио Петровски (Скопје 2011); Одбрана: Зоран Левески (Железарец), Ферид Агуши (Железарец), Иван Крстевски (Железарец), Џо Арсовски (Железарец); Напад: Александар Глигоров (Железарец), Игор Леовски (Скопје 2011), Оливер Јовановски (Железарец), Дарко Ранготов (Сквер Дубровник), Мартин Тодоровски (Железарец), Адријан Мицевски (Железарец). Трајче Трајков (Скопје 2011);

Собирот на репрезентативците е на 01. декември во 08.30 часот во хотел „Русија“. Првиот натпревар против Црна Гора се игра во вторник, 2. декември од 18.00 часот, следниот ден пресметката е од затворен тип. Влезот за првиот натпревар е бесплатен.




   
   
Актуелности

30.12.2024    Вести

Новогодишно интервју со Масар Омерагиќ - Претседател на ФФМ

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...

27.12.2024    Вести

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....

Календар
А репрезентација