Женската А репрезентација во група со Исланд, Шкотска, Белорусија и Словенија

Објавено на 20 Април, 2015 во Вести, А репрезентација жени

Женската А репрезентација на Македонија на извлекување во Нион ги доби противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство во Холандија 2017 година.

Избраничките на селекторот Ванчо Балевски се наоѓаат во Групата 1 со селекциите на Исланд, Шкотска, Белорусија и Словенија. Првиот натпревар нашата женска репрезентација ќе го одигра пред домашна публика на 22 Октомври оваа година против селекцијата на Исланд.

„Добивме непознати и тешки противници. Ќе дадеме се од себе да направиме позитивен резултат и да го подигнеме нивото на женскиот фудбал. Задоволен сум од распоредот на натпреварите, имаме доволно време за подготовки и контролни натпревари, а веќе првиот го имаме со Црна Гора на 28 и 28 Април." - изјави Ванчо Балевски за официјалната веб страна на Фудбалската федерација на Македонија.

Ванчо Балевски за прв пат ќе ја предводи женската селекција на Македонија на контролниот дуел против репрезентацијата на Црна Гора на 28 и 29 Април.

22.10.2015  Македонија - Исланд

27.10.2015  Македонија - Шкотска

26.11.2015  Македонија - Белорусија

29.11.2015  Шкотска - Македонија

12.04.2016  Словенија - Македонија

03.06.2016  Македонија - Словенија

07.06.2016  Исланд - Македонија

15.09.2016  Белорусија - Македонија





   
   
А репрезентација