Натпреварот помеѓу селекцијата составенa од домашни фудбалери и селекцијата на странци во 1МФЛ во живо на tv.ffm.mk

Објавено на 11 Декември, 2015 во Вести


Поддржувачите на македонскиот фудбал утре имаат можност да ги проследат натпреварите помеѓу селекцијата составена од домашни фудбалери и селекцијата на странци во 1МФЛ и играчите од селективниот камп на репрезентацијата до 21 година против екипата на Хоризонт Турново во живо преку официјалната платворма на Фудбалската федерација на Македонија, www.tv.ffm.mk.

Натпреварот помеѓу селекцијата на домашни играчи и странците кои играат во нашата Прва лига ќе се одигра на теренот во тренинг центарот „Петар Милошевски" со почеток од 13.00 часот. На градскиот стадион во Велес ќе биде одиграна средбата помеѓу играчите од селективниот камп на репрезентацијата до 21 година и екипата на Хоризонт Турново со почеток од 13.00 часот.




   
   
А репрезентација