Давид Бабунски денеска му се приклучи на составот на македонската А репрезентација на подготовките во Австрија пред контролните натпревари против Камерун и Катар .
Најдобрата македонска репрезентација ги започна подготовките спроти двата контролни натпревари против Камерун и Катар кои се играат во австриски Куфштајн на 26. мај и Риети во Италија на 30. мај.
Дефанзивецот Ванче Шиков и играчот од средниот ред Ферхан Хасани поради повреди нема да бидат во составот на А репрезентацијата на Македонија за контролните натпревари против Камерун и Катар на 26 и 30 мај во австриски Куфштајн и Риети во Италија.