ДАВИД БАБУНСКИ: ЦЕЛТА Е ДА УЖИВАМЕ ВО ИГРАТА

Објавено на 22 Мај, 2014 во Вести

Давид Бабунски денеска му се приклучи на составот на македонската А репрезентација на подготовките во Австрија пред контролните натпревари против Камерун и Катар .

Еден од македонските репрезентативци од категоријата „иднината е пред него“ вели дека е среќен што се враќа во најдобрата селекција, се надева дека младите во тимот ќе ја оправдаат укажаната доверба.

-Среќен сум што повторно сум дел од најдобрата македонска репрезентација. Сакам да уживам во работата со овој тим, како на подготовките, така и на натпреварите. За секој состав е важен тимскиот дух и позитивната атмосфера, се надевам дека заеднички ќе го подигнеме на повисоко ниво со цел да уживаме во играта и во резултатите. Селекторот верува во младите играчи, добро не познава, ние ја претставуваме таа нова генерација на македонскиот фудбал и се надевам дека сите ќе го дадеме најдоброто од себе да ја оправдаме довербата. Условите кои ги имаме во Австрија се исклучителни, имаме малку подолг период за подготовки, а тоа е битно за репрезентацијата во која има неколку нови фудбалери. Се надевам дека се ќе мине во најдобар ред, сега сме фокусирани на планот за тренинзи и исполнување на тоа што го бара селекторот, а за натпреварот со Камерун ни треба позитивен резултат, тоа ќе ни ја подигне самодовербата, во овој период ни треба таков ветер во грб, изјави Давид Бабунски.

Македонската репрезентација веќе трет ден ги одработува подготовките пред натпреварите со Камерун на 26. мај во Куфштајн и четири дена подоцна против Катар во италијански Риети. На тимот предводен од селекторот Ѓуровски утре му се приклучуваат Горан Попов и Јован Костовски. Поради повреда, Даниел Мојсов веројатно нема да може да му помогне на тимот за контролните пресметки.




   
   
Актуелности

14.11.2018    Вести

Интервју со в.д. председателот на ФФМ, Мухамед Сејдини

Инвестицијата во фудбалски игралишта е добра инвестиција! Ќе продолжиме со различни активности за развој на фудбалот. М...

Календар

14 Ное

14:00 Македонија - Хрватска
    У19 квалификации за Европско

16 Ное

20:45 Лихтенштајн - Македонија
    УЕФА Лига на Нации

17 Ное

17:00 Чешка - Македонија
    У19 квалификации за Европско

19 Ное

20:45 Македонија - Гибралтар
    УЕФА Лига на Нации

20 Ное

17:00 Луксембург - Македонија
    У19 квалификации за Европско
А репрезентација