Објавено на 11 Мај, 2016 во Вести
Женскиот фудбалски клуб Драгон 2014 оствари победа со 4:0 над Топ Гол во финалето од Купот на Македонија за жени во сезоната 2015/2016. Фудбалерките на Драгон повеќе од заслужено се радуваа на освоениот трофеј од националниот куп, откако успеаа во вториот дел да го скршат отпорот на противникот и да постигнат 4 гола.
Tренинг центарот „Петар Милошевски” беше домаќин на женското финале од Купот на Македонија. Во првото полувреме немаше голови, екипата на Драгон го диктираше темпото на игра, но не успеа да погоди, противникот одлично се бранеше и на моменти се закануваше преку контра напади.
Во вториот дел Топ Гол не успеа да издржи, падна на физички план, и тоа Драгон го искористи, постигна 4 гола. Резултатот го отвори Тодоровска во 66. минута. За само 8 минута, во периодот од 81 - та до 89 - та , избраничките на тренерот Стефан Андоновски постигнаа три погодоци, на два пати преку Битевиќ, а еднаш реализираше и Костова.
ФИНАЛЕ – КУП НА МАКЕДОНИЈА ЗА ЖЕНИ
ТОП ГОЛ – ДРАГОН 2014 0:4 (0:0)
( 1:0Моника Тодоровска 66`; 2:0 Стефана Битевиќ 81`; 3:0 Драгана Костова 84`; 4:0 Стефана Битевиќ 89`)
Тренинг центар „Петар Милошевски” – Скопје
ТОП ГОЛ:Магдалена Лекоска, Даниела Велеска, Биљана Китанова, Ане Бошевска, Ангела Данчева, Тамара Јанковска, Сара Хуесин, Јована Ѓорѓиоска, Марија Белистојаноска, Емилија Ристевска, Теодора Петровска; Тренер:Кире Грбевски;
Резерви:Александра Арсовска, Теодора Димитровска, Наталија Стојчевска, Тамара Стојчевска, Христина Јошевска, Теодора Јанковска, Габриела Гелевска; Тренер: Стефан Андоновски
ДРАГОН: Олгица Арсова, Ана Веселинова, Драгана Костова, Станкица Атанасова, Ленче Андреевска, Никшије Кривањева, Рабија Дервиши, Маја Ангеловска, Стефан Битефиќ, Мартина Димкоска, Теодора Димоска; Тренер:Стефан Андоновски
Резерви:Сара Коларовска, Моника Тодоровска, Кристина Силјановска, Маријана Аврамовска, Симона Јанкуловска, Анџелика Јандриоска;
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....