Женската репрезентација до 19 години одигра два натпревари против Албанија

Објавено на 01 Јули, 2016 во Вести, До 19 год жени


Женската репрезентација на Македонија до 19 години одигра два контролни натпревари против врсничките на Албанија. Првиот натпревар во Корча, Македонија до 19 години го доби со 5:4, младите албански фудбалерки се радуваа на победа од 5:3 на возвратниот натпревар.

Избраничките на селекторот Астрит Мерко одиграа одлично на првата пресметка, иако почеткот од натпреварот им припадна на домашните фудбалерки. Албанија поведе со 2:0, но со головите на Сара Хусеин и Елма Шемшовиќ успеавме да израмниме до полувреме. Во продолжението Албанија повторно даде гол за водство од 3:2, но за целосен пресврт се погрижија Теодора Димовска, Елма Шемшовиќ и Илза Максути. Конечниот резултат 5:4 за Македонија беше постигнат во судиското надополнување.

На вториот дуел, нашиот селектор Астрит Мерко направи голем број измени во составот давајќи им шанса за настап на сите фудбалерки. Албанија беше подобар противник и зсслужено славеше. Анастасија Митревска постигна два гола, а стрелец на натпреварот за нашиот тим беше и Теодора Димовска. 




   
   
Актуелности

22.05.2018    Вести

Купот на Македонија ќе биде пренесуван и на знаковен јазик

Во обезбедувањето знаковен превод на финалето од Купот на Македонија меѓу Пелистер и Шкендија, ФФМ и Национална спортска...

Календар

27 Мај

17:00 Азербејџан - Македонија
    У21 пријателска
А репрезентација