Жени до 18 години: Македонија домаќин на УЕФА развоен турнир

Објавено на 30 Јуни, 2014 во До 19 год жени

Во периодот од 1ви до 3ти јули, 2014 Македонија е домаќин на равојниот турнир на УЕФА, за играчи до 18 години во женска конкуренција.

Гости на турнирот се соодветните репрезентации на Бугарија и Србија.  Сите натпревари ќе бидат одиграни на терените од тренинг центарот на ФФМ, комплекс Куќа на фудбалот со следниот распоред:

01.07.2014г. во 10:00ч.  Македонија – Бугарија

02.07.2014г. во 10:00ч. Бугарија – Србија

03.07.2014г. во 10:00ч. Македонија – Србија

За овој собир беа повикани следните фудбалерки: Матеа Манојловска, Сашка Кокаловска, Стефани Скерлевска, Александра Марковска, Адили Арлинда, Симона Крстановска, Босеска Ане, Наташа Лефкова, Ана Мицковска, Шкипе Бојку, Елена Накоска, Али Елмедина, Виолета Јанчева, Симона Дамеска, Александра Симоновска, Евгенија Таповска, Теодора Киранова, Енхи Шерифи, Даниела Велеска и Пеева Ангела.

Собирот го започнавме на 27 јуни, сите повикани фудбалерки пристигнаа, нема повреди и атмосферата меѓу играчите и во стручниот штаб е на највисоко ниво. Целта на овој развоен турнир е да го оцениме потенцијалот на играчите. Резултатот не е во прв план. Сакаме да составиме екипа која ќе биде во можност квалитетно да се претстави на квалификациониот турнир во Португалија, каде играме во септември во многу силна конкуренција против екипите на Португалија, Русија и Белорусија – изјави селекторот Астрит Мерко.

Инаку, репрезентативките ќе земат учество и во активностите на организацијата Фудбалодром во општина Аеродром, која организира активности порвзани со светското првенство во Бразил. На ширината зад Три Бисери во Аеродром македонските репрезентативки ќе се приклучат кон натпреварот во прецизно шутирање, и тоа во вторник – 1.7.2014 во перидот од 20.00 до 20.30 ч.




   
   
Актуелности
Календар

03 Сеп

00:00 Австрија - Македонија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

05 Сеп

20:45 Израел - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

09 Сеп

20:45 Летонија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

10 Сеп

16:00 Македонија - Фарски Острови
    У21 квалификации за Европско
А репрезентација