Запишување на тренери кандидати за Национална Ц лиценца

Објавено на 13 Септември, 2017 во Вести, Семинари


Центарот за едукација на ФФМ објавува пријавување на тренери кандидати за национална Ц лиценца.


Заинтереисраните тренери треба да ја достават следната документација до Архива на ФФМ најдоцна до 29.09.2017 г.:

- Копија од диплома за завршено најмалку средно образование;

-  Копија од лична карта;

-  Потврда дека тренерот немал или не е под дисциплински мерки издадена од дисциплинска комисија на ФФМ(доколку е ангажиран како тренер во детските лиги);

-  Потврда од клуб за ангажман за сезона 2017/18, потпишана и заверена од клубот;

-  Две слики како за лична карта.

-  На барањето задолжително да се наведат телефон и мејл за контакт

-  Картка биографија

Семинарот за Национална Ц лиценца е наменет за тренерите во детските лиги кои се активни во сезона 201718, а не успеаа да се пријават за претходниот семинар за Национална Ц лиценца.

Исто така овој семинар е отворен за пријави и на заинтересирани кандидатие кои во моментот не се тренери во детските лиги, но нивното присуство ќе биде потврдено дополнително во зависност од бројот на пријавени активни тренери. Семинарот за Национална Ц лиценца ќе се одржи во месец Ноември 2017 во Х. Континентал – Скопје.

Повеќе информации можете да добиете на следниот мејл:

mario.gjurcinovski@ffm.com.mk




   
   
Актуелности

15.09.2017    Вести

Влог во развој на женскиот фудбал во Македонија

Фудбалската Федерација на Македонија вложува во развојот на фудбалот во сите сегменти и нивоа од играта, и во таа насока...

Календар

06 Окт

15:00 Македонија - Србија
    У21 квалификации за Европско
20:45 Италија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Светско

09 Окт

20:45 Македонија - Лихтенштајн
    А репрезентација квалификации за Светско
А репрезентација