Запишување на кандидати за УЕФА Б лиценца

Објавено на 03 Септември, 2018 во Вести, Семинари


Центарот за едукација на тренери на Фудбалската Федерација на Македонија отвора запишување на тренери-кандидати за добивање на УЕФА Б Диплома. Заинтересираните кандидати треба да достават барање за запишување во прилог на кое ќе ги приложат и следниве документи за исполнување на услови:

  • најмалку средно образование, копија од диплома,
  • најмалку 4 (четири) години активен во сенироски фудбалски тим, потврда од клуб во оригинал,
  • најмалку 22 години старост, копија од лична карта или пасош, и две слики како за лична карта
  • важечко лекарско уверение, оригинал,
  • уплатница за прва рата од чинењето на курсот, 100 евра во денарска противвредност на сметка на ФФМ (курсот чини вкупно 482 евра)

Во барањето за запишување кандидатите задолжително да наведат телефонски број и валидна електорнска пошта.Запишувањето трае до 17 Септември 2018, по завршување на запишувањето ќе се формира групата која може максимално да биде со 30 тренери-кандидати. Примените кандидатите ќе добијат информација за место и датум одржување на првиот дел од курсот кој трае 7 дена а присуството на истиот е задолжително.

Уплатата се врши на жиро сметката на ФФМ:

300-0000015997-60 во Комерцијална Банка со цел на дознака: За УЕФА Б Курс

Повеќе информации во врска со курсот заинтересираните можат да добијат по електронски пат на следната адреса: mario.gjurcinovski@ffm.com.mk



   
   
Актуелности
Календар

03 Сеп

00:00 Австрија - Македонија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

05 Сеп

20:45 Израел - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

09 Сеп

20:45 Летонија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

10 Сеп

16:00 Македонија - Фарски Острови
    У21 квалификации за Европско
А репрезентација