Заеднички проект за развој на женскиот фудбал на УЕФА и ФФМ на – финансисрање на едукација за женски тренери

Објавено на 17 Септември, 2018 во Вести, Семинари


Фудбалската Федерација на Македонија и УЕФА а во насока на подобрување на квалитетот во женскиот фудбал во Македонија уште еднаш се вклучуваат во заеднички проект за развој на овој сергмент од фудбалската игра.

За таа цел и овој пат во проектот Развој на фудбалски тренери (жени) ФФМ и УЕФА се договорија да финансираат жени-тренери кои се заинтересирани за едукација за добивање на УЕФА Б Диплома. Во склоп на оваа акција, УЕФА ќе ги покрие трошоците за курсот и спортска опрема додека ФФМ ќе ги покрие трошоците за сместување и едукативни материјали.

Ги информриаме сите заинтересирани за пријавување во овој проект дека за пријавување кандидатките задолжително мора да ги исполнат општите услови за упис на УЕФА Б Диплома:

-  Возраст најмалку 22 години, (копија од лична карта или пасош)

-  Најмалку средно образование (копија од диплома)

-  Најмалку 4 години фудбалски стаж како играч на сениорско ниво (потврда од фудбалски клуб-проверка во комет систем)

-  Лекарско уверение или важечка потврда од спортска медицина

-  Две слики

-  Пополнета апликација, во прилог на оваа вест

Рокот за доставување документи за овие кандидатки е заклучно со 21 Септември 2018 до Центар за Едуакција на ФФМ.

Повеќе информации во врска со овој проект може да се добијат на мејл: mario.gjurcinovski@ffm.com.mk

Апликација за пријава за УЕФА Б диплома 



   
   
Актуелности
Календар

20 Окт

11:00 Фарски Острови - Израел
    У17 квалификации за Европско
14:30 Шпанија - Македонија
    У17 квалификации за Европско

23 Окт

11:00 Шпанија - Фарски Острови
    У17 квалификации за Европско
14:30 Израел - Македонија
    У17 квалификации за Европско

26 Окт

14:30 Македонија - Фарски Острови
    У17 квалификации за Европско
14:30 Израел - Шпанија
    У17 квалификации за Европско

16 Ное

20:45 Лихтенштајн - Македонија
    УЕФА Лига на Нации

19 Ное

20:45 Македонија - Гибралтар
    УЕФА Лига на Нации
А репрезентација