Втор дел од курсот за УЕФА А диплома за тренери на голмани

Објавено на 22 Мај, 2018 во Вести, Семинари


Во периодот од 21. до 23. мај 2018. во просториите на „Куќа на Фудбалот“ и тренинг центарот “Петар Милошевски„ се одржува вториот дел од курсот за добивање на УЕФА „А“ диплома за тренери на голмани. Под водство на менторите за тренери на голмани Данчо Целески, Суат Зендели и Зоран Мицевски и со стручна помош од УЕФА инструкторот и ментор за ФФМ, Ватрослав Михачиќ се спроведува обемна програма за остручување на група од 16 тренери на голмани. Во тек на сите три дела од курсот тренерите имаат можност да слушнат и видат презентации кои се во насока на подобрување на квалитет на тренерската струка, но и подобрување на квалитетот на голманите кои произлегуваат на овие простори.

Секој од тренерите има индивидуални задачи кои треба да ги исполни, а исто така кандидатите се поделени во четири микрогрупи кои имаат задачи во своите клубови, академии или репрезентации. Третиот (последен) дел од овој курс е закажан за септември 2018, а во меѓувреме кандидатите треба да ги исполнат своите обврски и да ги достават до Центар за Едукација на ФФМ,  по што ќе следат и практичните испити пред комисија составена од ментори од ФФМ и УЕФА.




   
   
Актуелности

26.02.2020    Вести

ФФМ го одржа годишниот форум на тренери

На форумот во Скопје, повеќе од 400 домашни тренери, носители на УЕФА диплома ги слушнаа предавањата за трендовите во мо...

Календар
А репрезентација