Во фудбалот не победуваат секогаш фаворитите

Објавено на 31 Август, 2015 во Квалификации ЕУРО 2016, Вести

По објавувањето на списокот на повикани фудбалери од А репрезентацијата, селекторот Друловиќ во врска со квалификациските натпревари против Луксембург и Шпанија изјави:

„Ова е мој втор собир во репрезентацијата и мислам дека доволно се познаваме. Убеден сум дека идеите што ги имаме, ќе успееме да ги реализираме на терен. Нашиот фокус е репрезентацијата на Луксембург по која подготвени ќе го дочекаме европскиот првак Шпанија." - изјави Друловиќ.

На прашањето каква е неговата тактика и каква стратегија подготвува, Друловиќ вели: "Овие пет дена до натпреварот се посветени на Луксембург.Ја анализираме противничката екипа и ги упатувам момците во она што ги очекува на тој меч. Треба да покажеме голем карактер, да бидеме сериозни, професионални и тактички дисциплинирани. Репрезентацијата на Луксембург напредуваше многу во последните години и во секој поглед ова ќе биде тежок натпревар."

За натпреварите со Луксембург и Шпанија повикани се 22 играчи со можност да се повикаат уште двајца. Еден од најголемите предизвици на репрезентацијата е фактот што некои од нашите репрезентативци не се во прв план во своите клубови, не играат доволно и не се носители, што претставува проблем и за селекциите на младите репрезентации.

„Сите мои играчи во моментов се здрави и во добра кондиција.Верувам дека ќе издвојуваме победа против Луксембург, а потоа ќе имаме два дена да се опоравиме и да дадеме максимум со репрезентацијата на Шпанија. Играме на домашен терен и убедени сме дека со подршка на публиката секој од играчите ќе може да дојде до израз. Се разбира дека Шпанија е голем фаворит, не само за нас, но во овој момент не смееме да го изгубиме фокусот. А во основа, во фудбалот не победуваат секогаш фаворитите." - заврши Друловиќ.

Поради дисторзија на рамото Јован Костовски нема да биде во можност да одговори на репрезентативните обврски на овие натпревари, па поради тоа на негово место е повикан Крсте Велковски кој настапува за ФК Сараево, а како трет голман повикан е Даниел Божиновски.



   
   
Актуелности
Календар

02 Сеп

20:45 Израел - Македонија
    А репрезентација квалификации за Светско

05 Сеп

20:45 Македонија - Албанија
    А репрезентација квалификации за Светско
А репрезентација