ВИДЕО - Winter football joys

Објавено на 06 Март, 2019 во Вести, Детски лиги


Фудбалската федерација на Македонија во соработка со Федерацијата за Училишен спорт ја финализираше првата фаза наречена „Winter football joys“ за развој на училишниот фудбал. Со првиот дел од проектот беа вклучени 80 основни училишта низ целата држава, а учествуваа повеќе од 2800 деца на возраст од 7 до 10 години.

Пораката која дел од менторите вклучени во „Winter football joys“ ја пратија до најмладите е јасна „Да, можете да успеете во фудбалот! Тренирајте за да ги постигнете своите цели“.

Во grassroots настаните кои ги организира Фудбалската федерација на Македонија голема поддршка добиваме и од УЕФА. Дел од последните проекти беа следени од Иван Јанковиќ -член на панелот на УЕФА за базичен фудбал.

Во продолжение погледнете го видеото во дел од училиштата во Македонија вклучени во проектот „Winter football joys“.





   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација