Вечно ќе се памети првата победа на Македонија во Крањ против Словенија

Објавено на 13 Октомври, 2018 во Фудбалски Асови, Вести

На 13. октомври 1993 година во Крањ, започна историјата на нашата фудбалска репрезентација. Стартуваше со блескав триумф од 4:1 против Словенија. Зоран Бошковски - Чоко беше стрелец на првиот гол.

Најдобрата фудбалска репрезентација досега одигра 222 официјални натпревари, имаше победи и порази, радост и тага, сите тие меча останаа врежани во нас, но само еден вечно ќе се памети. 

Само еден беше историски, а тоа е оној првиот на 13 октомври 1993 година, кога во Крањ ја стартувавме нашата историја со дуел против Словенија. Блескава победа од 4:1, прво па машко што се вели. 

Првиот стрелец беше Зоран Бошковски - Чоко, и тој и неговиот гол, влегоа во историјата на оваа држава. ДОНЧО, ПАНЧЕВ, ЧОКО, ЦАПАР, ЧЕДЕ, ИЛИЈА...Македонија е самостојна држава од 1991 година, но две години подоцна доби шанса од ФИФА и УЕФА да настапува како посебна репрезентација. Тогашниот Фудбалски Сојуз на Македонија, сега ФФМ, се одлучи првиот меч да го одиграме во Крањ, на гости во Словенија и тоа на 13 октомври 1993 година. Селекторот Андон Дончевски имаше силен состав, тука беа Дарко Панчев, потоа Зоран Бошковски - Чоко, Драган Канатларовски - Цапар, Чеде Јаневски, Илија Најдоски и другите. Тогаш таа Словенија венија беше лесен залак, ја победивме со 4:1. Тој 13 октомври во Крањ, пред 25 години, со златни букви ќе биде запишан како датум на кој стартуваше нашата фудбалска репрезентативна историја. И веќе во 3. минута гол, водство. По додавањето на Дарко Панчев, Чоко Бошковски уште во 3. минута постигна гол, првиот за Македонија, На радоста и немаше крај. Следуваа головите на Панчев (37.минута), Чеде Јаневски (48.минута) и на Драган Канатларовски (51.минута) за голема победа од 4:1. Почесниот гол за домашните беше дело на Пате (40.минута). Дончевски на тој натпревар им даде шанса на следните момци: Зоран Мицевски, Кире Грозданов (63. Неџмедин Мемеди), Зоран Јовановски, Драган Канатларовски, Илија Најдоски, Чеде Јаневски, Зоран Бошковски (86. Ванчо Мицевски),Љупчо Марковски, Дарко Панчев, Бобан Бабунски (12.Горан Георгиевски, 73. Саше Милошевски), Тони Мицевски. 

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД 45 ЧЛЕНОВИ Како за прв натпревар нашата делегација во Крањ и не беше така бројна. Околу 45 фудбалери, тренери на чело со чичко Дончо, потоа доктори, претставници и функционери на Фудбалскииот Сојуз, потоа гости, познати фаци и бизнисмени, но и седумммина новинари. Од МТВ, од Македонско радио и од печатените медиуми. Сите тие знаеја како да и се израдуваат на првата победа, победа со која почнавме. Еве не вечерва на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје 25 години потоа. Сега сме со шанси за пласман на ЕП 2020 година и тоа преку Лигата на Нации.




   
   
Актуелности

08.07.2019    Вести

Започна изградбата на новата трибина на стадионот во Чаир

Муамед Сејдини, претседател на ФФМ: Заеднички, спортски и братски да изградиме европски стадион...

Календар

03 Сеп

00:00 Австрија - Македонија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

05 Сеп

20:45 Израел - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

09 Сеп

20:45 Летонија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

10 Сеп

16:00 Македонија - Фарски Острови
    У21 квалификации за Европско
А репрезентација