Објавено на 26 Декември, 2014 во Вести
Урош Матиќ, потенцијалниот репрезентативец на Македонија денеска беше гостин во Фудбалската федерација на Македонија. 24-ри годишниот фудбалер на холандски НАЦ Бреда имаше пријателски разговор со претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, на средбата разговараа за потенцијалот на македонската А репрезентација, за актуелните состојби во тимот и целта да се создаде репрезентативен состав кој може да биде компетитивен во натпреварите со европските селекции.
-Урош е добредојден во македонската репрезентација. Во тек е процедурата за издавање документи и промена на спортски пасош, а по комлетирањето нема да има пречка Урош Матиќ да дебитира за нашиот национален тим. Фудбалскиот впечаток за него го знаеме, игра стандардно во тимот на Бреда, стручниот штаб во нашата репрезентација смета дека може да биде многу корисен и во нашата игра, мислам дека сме на добар пат да ја засилиме конкуренцијата во репрезентативниот состав со квалитетен играч. Денеска видовме дека е многу скромно и момче со правилни вредности, тоа е причина повеќе да веруваме во желбата заеднички да си помогнеме, изјави Илчо Ѓорѓиоски.
Урош Матиќ е две години помлад брат на Немања Матиќ, ѕвездата на Челзи, Урош настапува за НАЦ Бреда со Александар Дамчевски, а претходно беше дел од составот на Кошице и Бенфика. Урош Матиќ е еден од низата фудбалери со македонско потекло кои се следат преку скаут системот на Фудбалската федерација на Македонија. Адеми, Абдурахими, Дамчевски, Пивковски ја прифатија понудата и станаа дел од македонската репрезентација. Фудбалската федерација на Македонија продолжува со проектот на следење на играчите кои настапуваат во странство, а кои имаат наше потекло и можат да ја зголемат конкурентноста во репрезентативните состави. Денеска, Урош Матиќ го поздрави и Даниел Кајмакоски, промоторот на македонската А репрезентација.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....