Упис за УЕФА А Тренерски курс

Објавено на 19 Септември, 2015 во Вести, Семинари

Центарот за едукација на тренери при Фудбалската Федерација на Македонија, објавува упис на тренери кандидати за посета на курс за добивање на УЕФА А Тренерска диплома.

Услови за упис на курсот се:

-  Да има завршено курс за УЕФА Б диплома, и истата да ја поседува.

-  Да има најмалку 2 години тренерски стаж како носител на УЕФА Б диплома од кои најмалку една како тренер во сенироска екипа.

-  Да нема дисциплинска постапка или казна против тренерот изречена од Дисциплинска комисија на ФФМ.

-  Копија од лична карта или пасош.

-  Две слики, големина за лична карта.

-  Уплатница од 200 евра во денарска противвредност - прва рата за УЕФА А Курс (Уплатата се врши на сметка на ФФМ: 300000001599760 - Комерцијална Банка, во денарска противвредност, со назнака За УЕФА А Тренерски Курс).

Заинтересираните тренери, горенаведените документи можат да ги достават најдоцна до 1. октмоври 2015 година во архива на ФФМ лично, а доколку ги праќаат по пошта да бидат со назнака: “За УЕФА А тренерски курс“. Некомплетната и ненавремено доставената документација нема да биде земена во предвид.

По завршување на уписот и формирање на групата ќе биде одреден и датум за првиот 7-дневен семинар, за кој тренерите ќе бидат известени телефонски и преку ФФМ веб страна.




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација