Украина ја доби битката во Лвов, Македонија заслужи најмалку бод

Објавено на 13 Октомври, 2014 во Вести

Македонската А репрезентација загуби со 1:0 од Украина во натпреварот од третиот круг од квалификациите за пласман на ЕП 2016.

Во Лвов, Украина ја доби фудбалската битка со единствениот погодок на дуелот на Сидорчук во судиското надополнување на првото полувреме. Македонските репрезентативци беа рамноправен противник, не искористивме неколку одлични шанси за гол и по три кола од Ц групата имаме биланс од победа и два порази.

Адис Јаховиќ, Адеми и Ивановски во првиот дел, Александар Трајковски и Бесарт Абдурахими во второто полувреме имаа одлични можности, но не ја погодија мрежата на Пјатов. Сидорчук со вториот гол за Украина во вториот настап го одлучи победникот, а домаќините можеа да зголемат на 2-0 на стартот од вториот дел кога Јармоленко промаши пенал.

Македонските репрезентативци се бореа до максимум за секоја топка, што сепак не беше доволно за успех. Во завршницата висеше голот на Украина, неколку корнери во серија за Македонија, но, сепак, мечот заврши со минимален триумф за противникот. Сепак, останува впечатокот дека Македонија во Лвов го одигра најдобриот натпревар во овие квалификации, а Украинците можат да бидат повеќе од среќни затоа што остварија триумф. Македонија заслужи најмалку бод.

УКРАИНА – МАКЕДОНИЈА 1-0 (1-0)
Лвов Арена. Гледачи: 30.000. Стрелци: Сидорчук 45’ (Украина). Ж. картони: Федецки, Сидорчук, Ротан (Украина), Јаховиќ, Дамчевски, Трајковски, Абдурахими, Велкоски (Македонија).
УКРАИНА: Пјатов, Федецки, Кучер, Шевчук, Хачериди, Ротан, Сидорчук (90’ Едмар), Степаненко, Конопљанка, Јармоленко, Зозулја (77’ Будкивски).
МАКЕДОНИЈА: Пачовски, Ристевски, Алијоски, Шиков, Дамчевски, Глигоров (86’ Стојков), Адеми, Трајковски, Ивановски (70’ Костовски), Абдурахими, Јаховиќ (62’ Велковски).

„Големо браво за играчите. Сакам да го искажам своето задоволство од начинот на кој и се спротиставивме на Украина. Потврдивме дека имаме квалитет и храброст ,треба само трпение за во иднина да докажеме дека имаме можност за успеси. Треба цела Македонија и сите ние да веруваме во овие момци на кои им треба поддршка. Не сакам да го коментирам судењето на дуелот, затоа што тоа е работа на судијата, но мислам дека имаше пенал врз Абдурахими во второто полувреме. Имавме малку резервиран почеток на дуелот поради целокупната атмосфера на трибините која беше навистина прекрасна, но потоа полека навлеговме во свој ритам и создадовме многу шанси. Жал ми е што не успеавме само да реализираме“, изјави селекторот на македонската репрезентација Бошко Ѓуровски.  




   
   
Актуелности

08.07.2019    Вести

Започна изградбата на новата трибина на стадионот во Чаир

Муамед Сејдини, претседател на ФФМ: Заеднички, спортски и братски да изградиме европски стадион...

Календар

03 Сеп

00:00 Австрија - Македонија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

05 Сеп

20:45 Израел - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

09 Сеп

20:45 Летонија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

10 Сеп

16:00 Македонија - Фарски Острови
    У21 квалификации за Европско
А репрезентација