УЕФА Лига на нации: На 24. јануари Македонија ги дознава противниците за новото натпреварување

Објавено на 16 Јануари, 2018 во Вести, Вести, УЕФА Лига на Нации


Најдобрата репрезентација на Македонија е во групата на носители за првото издание на Лигата на нации. Новото натпреварување на УЕФА ќе се игра во термините предвидени за пријателски натпревари, а ќе учествуваат 55 репрезентации од Европа, поделени согласно коефициентот на УЕФА.

На извлекувањето во Нион на 24. Јануари македонската селекција ќе добие противници кои се послабо рангирани на ФИФА листата.

Нашиот најдобар национален тим ќе биде во првиот барабан со селекциите на Азербејџан, Белорусија и Грузија. Потенцијални ривали од вториот барабан се Ерменија, Летонија, Фарски Острови и Луксембург. Во третиот барабан се наоѓаат: Казахстан, Молдавија, Лихтенштајн и Малта, а во четвртиот се: Андора, Косово, Сан Марино и Гибралтар.

Сите 55 учесници кои ќе бидат распределени во четири лиги. Четирите победници од секоја група во четирите лиги продолжуваат во плеј-оф каде ќе се борат за пласман на Европското првенство.

Лига на нации започнува на 6. септември 2018 година, а групната фаза ќе трае до 20. ноември. Четири репрезентации преку новото натпреварување на УЕФА ќе се квалификуваат на ЕП 2020.




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација