УЕФА Лига на Нации: Македонија ги доби противниците во новото натпреварување

Објавено на 24 Јануари, 2018 во Вести, УЕФА Лига на Нации


На денешното извлекување за најновото УЕФА натпреварување - Лига на Нации, Македонија се најде во групата Д4, каде противници ќе ни бидат Ерменија, Лихтенштајн и Гибралтар.

„Наша цел е првото место, ќе играме за да победиме во групата. Ќе одлучува пресметката со Ерменија, но мораме да бидеме максимално мотивирани и подготвени и против Лихтенштајн и Гибралтар. Ќе се сконцентрираме на анализа на противниците, но треба на сите да ни е јасно дека најважни сме ние, ние мораме да бидеме во наше најдобро издание. Се надевам дека ќе бидеме здрави и целосно ќе се фокусираме на натпреварувањето. Верувам во квалитетот и карактерот на нашите фудбалери бидејќи покажаа дека можеме да се надигруваме и со далеку поквалитетни репрезентации. За успех е потребна поддршка од сите, оваа Македонија тоа го заслужува” - изјави селекторот Игор Ангеловски.

 



   
   
Актуелности
Календар

07 Јун

20:45 Македонија - Полска
    А репрезентација квалификации за Европско

10 Јун

20:45 Македонија - Австрија
    А репрезентација квалификации за Европско
А репрезентација