У-18: Македонија на четвртото место на турнирот „Стефан Нештицки“

Објавено на 16 Јуни, 2014 во Вести, До 19 год

Македонската репрезентација до 18 години го освои четвртото место на меѓународниот турнир “Стефан Нештицки“ во Нови Сад, Србија.

Во натпреварот за третото место, нашата селекција загуби од белградски Партизан со 2:0. На терените на фудбалскиот центар “Вујадин Бошков“, македонската репрезентација предводена од Јетон Несими во првиот натпревар во групата славеше против победникот на турнирот Црвена Звезда со 2:0. Бевме поразени на втората пресметка со 3:1 од Војводина. Унгарскиот состав на Академија Пушкаш и тимот на Црвена Звезда играа во финалето на турнирот, со 3:1 славеше Црвена Звезда. На турнирот учествуваше и репрезентацијата на Република Српска.

МАКЕДОНИЈА – ПАРТИЗАН 0:2 (0:1)

(Лука Рудан 11`, Лука Рудан 55`)

МАКЕДОНИЈА: Филип Илиќ, Слободан Боцевски, Дарко Дигаловски, Шаип Тела, Сабахудин Аломеровиќ, Стефан Јефтовски, Сабит Билали (Стефан Лазаревиќ 36`), Мартин Мирчевски (Бесарт Исеини 60`), Сашо Шоповски (Селмани Рамзифаик 52`), Петар Петковски, Даниел Радојчиќ (Андреј Кудијан 30`)

ПАРТИЗАН: Стаилковиќ, Крстиќ, Исламовиќ, Јовиќ, Миленковиќ, Аземовиќ, Рудан, Крајшниќ, Периќ (Бањац 58`), Џуриќ (Главчиќ 39`), Жмириќ

ВОЈВОДИНА – МАКЕДОНИЈА 3:1 (1:1)

(Добривоје Велемир 33`, Давид Хрубик 52`, Владимир Кремановиќ 60` – Селмани Ремзифаик 27`)

ВОЈВОДИНА: Слјепчевиќ, Лазаревиќ, Хрубик (Жељковиќ), Лончар, Ловре, Илиќ, Велемир (Миљевиќ), Џуришиќ, Крстевски, Зличиќ (Мацановиќ), Кременовиќ

МАКЕДОНИЈА: Филип Илиќ, Слободан Боцевски, Игор Перчинков (Сабахудин Аломеровиќ), Стефан Лазаревиќ (Стефан Јефтовски), Дарко Дигаловски, Стефан Јефтовски, Милан Алексиќ, Даниел Радојчиќ (Сашо Шоповски), Сабит Билали (Шаип Тела), Петар Петковски, Бесарт Исеини (Мартин Мирчевски), Селмани Ремзифаик

МАКЕДОНИЈА – ЦРВЕНА ЗВЕЗДА 2:0 (2:0)

(Петар Петковски 32`, Сабахудин Аломеровиќ 34`)

МАКЕДОНИЈА: Филип Илиќ, Слободан Боцевски, Шаип Тела (Даниел Радојчиќ 68`),  Стефан Јефтовски, Дарко Дигаловски, Сабахудин Аломеровиќ, Андреј Кудијан (Игор Перчинков 65`), Сабит Билали (Стефан Лазаревиќ 36`), Петар Петковски, Мартин Мирчевски (Бесарт Исеини 55`), Селмани Ремзифаик (Сашо Шоповски 67`)

ЦРВЕНА ЗВЕЗДА: Радмановиќ, Цветковиќ, Максимовиќ, Василевиќ, Пуриќ, Ступиќ (Станковиќ), Пејовиќ (Пејовиќ), Орландиќ, Мердовиќ, Лазаравиќ (Јовановиќ), Владисавлевиќ (Бјеличиќ)




   
   
Актуелности
Календар

03 Сеп

00:00 Австрија - Македонија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

05 Сеп

20:45 Израел - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

09 Сеп

20:45 Летонија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

10 Сеп

16:00 Македонија - Фарски Острови
    У21 квалификации за Европско
А репрезентација