Објавено на 07 Септември, 2015 во Вести, До 21 год
Македонската репрезентација до 21. година по квалификациската победа на Украина пред само два дена, повторно зебележа успех овојпат против репрезентацијата на Австралија до 23. Години на пријателска средба секако, со конечни 3:1. Селекторот Милевски очигледно дека станува експерт за победи на пријателски средби затоа што во неговиот мандат ова е трета победа во исто толку мечеви од ваков карактер на нашата репрезентација.
Победата ја наговести Демир Имери уште во третата минута со прекрасен гол од слободен удар, а по израмнувањето на гостите, повторно дојдовме во водство пред самиот крај на полувремето. Виктор Ангелов беше исфрлен во фор, излезе сам пред противничкиот голман, и во манир на голем стрелец го мина и погоди во празната мрежа. Во вториот дел Македонија продолжи со одличната игра создаде повеќе шанси и преку Петар Петковски погоди за двојно водство.
На овој меч Македонија настапи во комплетно друг состав во однос на мечот против Украина, односно шанса добија играчите кои тогаш немаа минутажа. Плус беа повикани уште неколку играчи да го пополнат составот дополнително.
МАКЕДОНИЈА – АВСТРАЛИЈА 3:1 (2:1)
Комплекс „Петар Милошевски“
Гледачи: 200
Стрелци: Имери 3‘, Ангелов 41‘, Петковски 63‘ (М), Тагард 14 (А)
МАКЕДОНИЈА: Алексовски, Ристовски, Петрески, Муслиу, Најдовски, Мустафов (Иванов 66‘), Имери (Денковски 66‘), Петковски (Велковски 74‘), Ангелов (Здравковски 80‘), Аврамовски (Демири 34‘, Мурати 81‘), Кулески (Иванов 81‘)
АВСТРАЛИЈА: Изо, Галовеј, Бургс, Галифусо, Вудкок, Угарковиќ, Де Силва, Наумоф, Пеин, Тагарт, Мабил
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....