Тренерски Семинар за работа во млади категории, национални академии и младински репрезентации

Објавено на 01 Септември, 2015 во Семинари

Соработката на највисоко ниво помеѓу Фудбалските Федерации на Шпанија и Македонија, а во пресрет на квалификацискиот натпревар за ЕУРО 2016, резултира со организација на заеднички тренерски семинар.

Семинарот на тема: Работа во млади категории, национални академии и младински репрезентации, организација, принципи и модел на тренирање. Семинароте во заедничка организација на Центарот за Едукација и Тренерската Организација на ФФМ и Техничкиот Оддел на Шпанската Федерација. Теоретско-практичните презентации ќе ги одржи Техничкиот директор на ФФ на Шпанија, Гинес Мелендез, кој е поанешен Селектор на Шпанија на генрациите У-17, У-19 и У-21 со кои е и европски првак.

Семинарот ќе се одржи од 5 – 7 Септември 2015 во конференциската сала на Хотел Русија – Скопје, додека практичните презентации на 5ти и 6ти Септември ќе се одржат на Тренинг Центарот на ФФМ - Петар Милошевски.

На првиот ден од овој семинар (05.09.2015) задолжително е присуството на сите тренери од младинските лиги на МФЛ заедно со тренерите во регионалните младински лиги, координаторите на сите младински школи во клубовите кои се натпреваруваат во лигите на ФФМ, Селекторите на младинските селекции на ФФМ и тренерите во паралелеките на академиите на ФФМ.

На вториот ден од овој семинар (06.09.2015) задолжително присуство на сите тренери од Прва и Втора МФЛ, Селекторите на младинските селекции на ФФМ и тренерите во паралелеките на академиите на ФФМ.

Распоред на активности:

05.09: 09.00 – 12.30 Теоретски Презентации – Хотел Русија

           13.00 – 14.30 Практична презентација – Тренинг Центар ФФМ

06.09: 09.00 – 13.00 Теоретски Презентации – Хотел Русија

           13.30 – 15.00 Практична презентација – Тренинг Центар ФФМ

07.09: 09.00 – 12.00 Теоретски Презентации – Хотел Русија

Сите останати тренери кои сакаат да присуствуваат на 06 и 07 Септември на овој семинар, кој е бесплатен за сите, треба да се пријават на следниот мејл: mario.gjurcinovski@ffm.com.mkнајкасно до 03.09.2015.



   
   
Актуелности

20.08.2019    Вести

Сочуство

...

Календар

03 Сеп

00:00 Австрија - Македонија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

05 Сеп

20:45 Израел - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

09 Сеп

20:45 Летонија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

10 Сеп

16:00 Македонија - Фарски Острови
    У21 квалификации за Европско
А репрезентација