Спировски и Алиоски: Цела Македонија очекува победа против Лихтенштајн

Објавено на 09 Октомври, 2018 во Вести, Вести


Македонија – Лихтенштајн

Лига на нации, Д-Лига, Група 4

13. октомври 2018., 20:45

Национална арена “Филип Втори“, Скопје.

Македонската А репрезентација ги продолжува подготовките спроти натпреварот на 13. октомври против Лихтенштајн од Лига на нациина нашата Национална арена. Македонија во полн состав се подготвува за дуелот со Лихтенштајн, трет за националниот тим во Лигата на нациите. На утринскиот тренинг говореа Езџан Алиоски и Стефан Спировски, истакнувајќи дека сите очекуваат да продолжи серијата победи на нашиот национален тим.

-Имаме две победи на стартот од Лига на нации, но ништо не е готово. Радува тоа што се наоѓаме во добра форма, имаме одлични фудбалери и сега не очекува Лихтенштајн. Мора да го добиеме овој меч. Но, пак велам дека ништо не е готово. И нема да е толку лесно, затоа што во фудбалот се е можно. Но, ние сме поквалитетни, ни се вратија Хасани и Адеми. Треба да имаме концентрација како на последните мечеви. Ако играме така, сигурно ќе победиме. Дадов два гола на првите два меча, но не ми е важно кој ќе даде гол, сакам да победиме. Секако дека сакам пак да дадам гол, но и да не дадам, ќе бидам среќен со три бода, изјави Алиоски.

-Очекувањата против Лихтенштајн се победа. Цела Македонија го очекува тоа. Имаме четири дена до мечот, доволно време да се подготвиме. Целосно сме фокусирани на првиот меч за нас, а потоа ќе мислиме на Ерменија. Имаме шест бода на првите два меча. Сакаме да бидеме први во групата, изјави Спировски.

Натпреварот меѓу Македонија и Лихтенштајн се игра на 13 октомври во 20:45 на „Филип Втори“ а билетите се пуштени во продажба по цена од 150 за северната и 100 денари за јужната трибина.



   
   
Актуелности
Календар

20 Окт

11:00 Фарски Острови - Израел
    У17 квалификации за Европско
14:30 Шпанија - Македонија
    У17 квалификации за Европско

23 Окт

11:00 Шпанија - Фарски Острови
    У17 квалификации за Европско
14:30 Израел - Македонија
    У17 квалификации за Европско

26 Окт

14:30 Македонија - Фарски Острови
    У17 квалификации за Европско
14:30 Израел - Шпанија
    У17 квалификации за Европско

16 Ное

20:45 Лихтенштајн - Македонија
    УЕФА Лига на Нации

19 Ное

20:45 Македонија - Гибралтар
    УЕФА Лига на Нации
А репрезентација