Спектакл во Скопје! Европскиот Суперкуп 2017 ќе се игра на „Филип Втори“

Објавено на 30 Јуни, 2015 во Вести

Фудбалската федерација на Македонија ја доби довербата од УЕФА за организација на ексклузивниот дуел меѓу победниците на Лигата на Шампионите и Лигата на Европа за сезоната 2016/17 година.

Одлуката ја донесе Извршниот комитет на Европската фудбалска унија на состанок во Прага, а на прес конференција ја соопшти Џани Инфантино, Генерален секретар на УЕФА.

Скопје во август 2017 година ќе биде домаќин на двете најдобри екипи на европска почва што претставува огромно признание за македонскиот фудбал и Фудбалската федерација на Македонија кои добиваат историска организација на врвен европски фудбалски настан.

УЕФА во Фудбалската федерација на Македонија  добива партнер кој посветено ќе работи на успешна организација на најголемиот фудбалски и спортски настан што Македонија воопшто ќе го организира.

Како еден од најголемите амбасадори на нашата земја, промотор на фер-игра, на социјално и општествено вклучување, промотор на здравје и едукација во нашето општество, заеднички имаме неповторлива можност да покажеме што значи фудбалот во нашата земја.

-Скопје е првиот град во регионот кој добива организација на вакво престижно фудбалско натпреварување, што претставува голема чест, но и голема одговорност. Суперкупот е настан кој ќе биде голем импулс и мотивација за развој на фудбалот во нашата земја и секако во регионот, а воедно и одлична можност Македонија да се промовира и афирмира пред светската јавност.Со добивањето доверба да бидеме домаќини на настанот кој го следат милиони луѓе ширум светот, нашата организација станува чувар на националниот идентитет и горди сме што УЕФА ја препозна нашата посветеност за фудбалот и подготвеноста да бидеме одлични организатори на големиот спортски настан, изјави Илчо Ѓорѓиоски, Претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

Со поднесената официјалната кандидатура на ФФМ за Евро 2020, како единствена земја од поранешните Ју-републики, нашата организација ја потврди сериозноста да бидеме домаќини на голем спортски настан, а со добиената доверба да го огранизираме Европскиот Суперкуп, Фудбалска федерација на Македонија потврди колку сериозен беше проектот да бидеме еден од домаќините на Европското првенство 2020 година. ФФМ ја истакнува важната улога на градот Скопје и Владините институции во градењето на организациските одговори при соочувањето со предизвиците од кандидатурата.

-За нашата кандидатура имавме апсолутен консензус и максимална поддршка од градот Скопје, Владата и државните институции. Во нив успеавме да пронајдеме партнер кој сака да учествува во еден од најголемите настани во самостојна Македонија, настан кој ќе донесе бројни краткорочни и долгорочни користи за нашата земја, за економијата и нашиот фудбал, вели Ѓорѓиоски.

Натпреварувањето под капата на УЕФА започна да се организира во 1973 година. Милан е најуспешниот тим со освоени пет титули. Во август годинава, Барселона и Севилја ќе се борат за трофејот во Тбилиси, Грусија. Откако УЕФА реши Суперкупот да го да не се игра само во Монако, се одржуваше и во Кардиф (2014 година) и Прага (2013 година). 

Европскиот Суперкуп во Скопје ќе ја обедини радоста што ја носи фудбалот.



   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација